Истражете го минатото, променете ја иднината

Внесете ја медиумската и дигиталната писменост во вашата училница со „Escape Fake“ – игра за бегство со аугментативна реалност за млади на возраст од 12 до 18 години. Работејќи заедно на паметен телефон или таблет, учениците решаваат загатки, истражуваат приказни со заведувачки карактер и вежбаат да ги препознаваат дезинформациите.
Започнете со две бесплатни мисии и материјали за наставниците што може да ги преземете, како поддршка за подготовката, играњето и дискусијата во училницата. Играта и материјалите за наставниците се достапни на македонски и на албански јазик. Не е потребна регистрација ниту лиценцен клуч.

#escapefake

За играта

Во иднина обликувана од дезинформациите, Хана, хакерка од иднината, ги повикува играчите да ѝ помогнат да ја откријат вистината. Младите заеднички решаваат загатки, разгледуваат виртуелни предмети и истражуваат приказни што не се такви како што изгледаат.

Играчите вежбаат да ги проверуваат тврдењата и да ги анализираат манипулираните слики и видеа. Дополнителните материјали им помагаат на наставниците да водат дискусии за тоа како се шират лажните информации и да ги поврзат поуките од играта со секојдневните ситуации на интернет.

Две бесплатни мисии

Музеј на дезинформации (Museum of Fake)

20–30 мин.Бесплатно

Играчите го посетуваат „Музејот на дезинформации“, музеј од дистописката иднина, а ги води дигитален музејски водич со вештачка интелигенција (ВИ). Таму откриваат познати историски измами: од невистина објавена во весник за живот на Месечината, преку ретуширани фотографии, па сѐ до дипфејк-видеа.

 

  • Историски примери на лажни вести
  • Манипулација со слики и нивна верификација
  • Дипфејк

Ситуација во автобусот (The Bus Situation)

40–60 мин.Бесплатно

Играчите ја истражуваат приказната за возач на автобус за кого беше објавено дека превезува мигранти и откриваат како се шири една лажна приказна.

  • Препознавање лажни вести
  • Однесување на интернет и приватност на податоците
  • Стратегии за ширење дезинформации
  • Манипулација со слики
  • Фишинг

#escapefake

Како да ја започнете играта

  1. Преземете ја апликацијата. Бесплатна е на App Store и на Google Play.
  2. Отпечатете ги маркерите со слики. Материјалите за секоја мисија вклучуваат сет слики што треба да се скенираат со телефон или таблет. Поставете ги маркерите на ѕид или на маса.
  3. Играјте. Скенирајте ја првата слика со апликацијата и следете ги упатствата.
    Двајца играчи по уред · Откако ќе се инсталира апликацијата, бесплатните мисии работат и офлајн.

#escapefake

Материјали за наставниците

Подгответе го часот, водете ги учениците низ играта и помогнете им да размислат за она што го откриваат. По играњето, користете ги прашањата за дискусија и активностите за да ги поврзете поуките од играта со секојдневните ситуации на интернет.

Материјалите за секоја мисија содржат сет материјали за наставниците, Работен лист со загатки, сет слајдови за работилницата и маркери со слики. Учениците го користат Работниот лист со загатки за време на играта за да ги запишуваат трагите (доказите) и информациите што ги откриваат.

#escapefake

За кого е наменета

Млади на возраст од 12 до 18 години и луѓето што работат со нив: наставници по медиумска писменост, информатика, мајчин јазик, граѓанско образование, библиотеки и младински организации.

Признанија

European Digital Skills Award – добитник, 2025

Ars Electronica x Culttech Award – добитник, 2024

Council of Europe Democracy Innovation Award – номинација, 2025

#escapefake

Најчесто поставувани прашања

Дали „Escape Fake“ е навистина бесплатна?

Мисиите 1 („Музеј на дезинформации“) и 2 („Ситуација во автобусот“) се бесплатни на сите јазици, вклучувајќи ги и придружните материјали за учење. За играње на овие мисии, не е потребна регистрација ниту лиценцен клуч. На некои јазици нудиме и дополнителни мисии, кои се дел од нашата Лиценца за дополнителни содржини.  

За која возраст е наменета?

„Escape Fake“ е наменета за возраст од 12 до 18 години. Помладите играчи, од околу 10 години, можат да ја играат со поголема поддршка од возрасен.  

Кои јазици се достапни?

Играта и материјалите за наставниците се достапни на македонски и на албански, како и на англиски и на уште десетина други јазици. Погледнете ја нашата главна страница на англиски.

Какви уреди ми се потребни?

Паметен телефон или таблет со камера, со оперативен систем iOS или Android (Android 10 или понов). Препорачуваме двајца играчи по уред за да работат учениците заедно и да разговараат за загатките.

Дали ни е потребна интернет-врска?

Само за преземање на апликацијата и на материјалите. Откако ќе се инсталира апликацијата, бесплатните мисии можат да се играат офлајн.

Колку време треба да планирам?

Играњето трае од 20 до 30 минути за „Музеј на дезинформации“ и од 40 до 60 минути за „Ситуација во автобусот“. За час што ги опфаќа играњето, завршната дискусија и анализа, како и осврт, препорачуваме 90 минути за „Музеј на дезинформации“ или 120 минути за „Ситуација во автобусот“.

Дали апликацијата собира податоци за играчите?

Не се собираат никакви лични податоци. За потребите на дизајнот на играта, го следиме бројот на преземања, колку често се играат мисиите и одредени статистики поврзани со завршувањето на делови од мисиите.

Партнери

Europe House (https://europehouse.mk/en/) е нашиот регионален партнер во Северна Македонија, кој го предводеше преводот и воведувањето на „Escape Fake“ на македонски и на албански јазик.

Контакт

Прашања или дополнителни информации? Пишете ни на info@polycular.com.